Олимпик Марсеј го избра наследникот на Тудор

Олимпик Марсеј денеска и официјално именуваше нов тренер кој во наредната сезона ќе го води тимот на местото на Игор Тудор. Откако пропаднаа разговорите со Марсело Галјардо, челниците на Олимпик постигнаа договор за соработка со Марселињо Торал, шпанскиот стратег кој потпиша двогодишен договор со тимот од „Велодром“.

Тој има работено во неколку шпански прволигаши, а најголемиот успех го оствари со Валенсија, освојувајќи го пехарот во Копа дел реј во 2019 година, воедно и квалификувајќи се во ЛШ во двете сезони како тренер на оваа екипа. Потоа тој седна на клупата на Атлетик Билбао, тим со кој во 2021 година го освои пехарот во Супер-купот на Шпанија, совладувајќи ја Барселона.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето од Олимпик Марсеј за укажаната доверба. Јас и мојот целокупен стручен штаб сме уверени дека овој проект може да донесе сериозни резултати, свесни сме за одговорноста и ветуваме максимална посветеност во работата“, изјави Марселињо по потписот на договорот со Олимпик.

Се вчитува...