Некогашниот европски шампион Олимпик Марсеј се обидува да се врати на старите патеки и пред се да им парира на ПСЖ и на Монако во францускиот шампионат. Но, засега резултатски слабо му оди, па спортскиот директор Андони Зубизарета се обидува да доведе неколку нови засилувања во самиот финиш на летниот преоден рок. Едно од имињата е и Костантинос Митроглу, грчкиот интернационалец кој е член на Бенфика. Искусниот напаѓач треба да ја пополни дупката што ја остави Стеван Јоветиќ, кој и покрај долгите преговори го „изигра“ Олимпик Марсеј и потпиша за Монако.
Бенфика бара 20 милиони евра за Митроглу, но Зубизарета ќе се обиде да го доведе на „Велодром“ за 14 милиони евра, а дополнителните шест милиони евра да бидат под ставката бонуси за евентуални успеси со новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА