Олимпик Марсеј експресно се врати на победнички патеки по неочекуваниот пораз во Оксер минатиот викенд, откако избраниците на Роберто де Зерби вечерва славеа на домашен терен над Нант со 2-0.
Гостите одлично парираа во првото полувреме во кое Олимпик се мачеше да создаде стопроцентна шанса. Сепак, домашните фудбалери трпеливо чекаа да им се укаже можност, за во последните 20 минути целосно да го скршат отпорот на „канаринците“ од Нант.
Гуири уште еднаш се покажа како извонредно засилување постигнувајќи го голот за 1-0, четири минути подоцна меѓу стрелците се запиша и Гринвуд, за зацврстување на второто место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

