Мец и Олимпик Марсеј ремизираа 2-2 на отворањето од второто коло во францускиот шампионат, исход од кој далеку понезадоволни ќе бидат гостинските фудбалери.
Имено, Олимпик беше далеку подобар ривал во голем период од овој натпревар, а од 16. минута имаше и водство од 0-1 преку Согло. Гостите при овој резултат постигнаа уште два погодоци, двата беа поништени со ВАР, а кога Мец во 59. минута остана со играч помалку по црвениот картон на Ло се чинеше дека бодовите ќе заминат за Марсеј.
Мец тогаш во рок од шест минути го шокираше Олимпик, со десет фудбалери стигнувајќи до целосен пресврт со погодоците на Сабали и Макаутадзе. Наместо триумф, гостите од Марсеј на крајот едвај стигнаа до реми и еден бод, благодарение на голот што го постигна Витиња во 82. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА