Францускиот клуб Олимпик Марсеј му подготвува отказ на италијанскиот тренер Роберто де Зерби. Де Зерби е под удар на јавноста во Франција по елиминацијата од Лигата на шампионите и поразот од 3-0 од Бриж. Марсеј заврши на 25-тото место на табелата.
Италијанскиот менаџер се подготвува за отказ, и истиот може да се случи во првите денови од идната недела, особено ако тимот не успее да победи против Париз на гостински терен.
Во Лига 1, Марсеј е на третото место со 38 бода, или седум зад лидерот ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

