Првиот меч од седмото коло во францускиот шампионат донесе големо изненадување, откако Олимпик Марсеј не успеа на домашен терен да го совлада Анже (1-1). Гостите допатува на „Велодром“ како „фенерџии“ на табелата, но сепак со храбра игра успеаја да го неутрализираат домашниот состав, кој целосно потфрли и заслужено со свирежи беше испратен од своите навивачи.
Првото полувреме го одбележаа два црвени картона, најпрвин со играч помалку остана Анже откако Раолисоа поцрвене по еден брутален старт пред својот шеснаесетник. Олимпик немаше премногу долго предност од играч повеќе, откако Маупеј се посрамоти со два жолти картона за неколку минути, по што силите на теренот повторно беа израмнети.
Олимпик поведе на стартот од второто полувреме преку „резервистот“ Роу во 51. минута, но само три минути подоцна гостите израмнија со евроголот од слободен удар на Ел Мелали, откако Хојберг изреагира почетнички правејќи прекршок во опасната зона.
Двата тима постигнаа по еден гол до крајот, но двата беа поништени со ВАР, по што овој дуел сосема неочекувано заврши со поделба на бодовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА