Олимпик Марсеј e осамен на второто место на табелата во францускиот шампионат откако „сино-белите“ вечерва на домашен терен славеа над Авр со 5-1. Фаворитската улога беше рутински оправдана, а избраниците на Роберто де Зерби уште во првото полувреме го скршија отпорот на гостинскиот состав.
За тоа многу помогна погодокот на Ронжие во 25. минута, кога овој фудбалер со прецизен удар од 25 метри го матираше голманот на Авр. Доминацијата на Олимпик Марсеј продолжи до крајот на полувремето, за во финишот домашниот тим да постигне уште два погодоци, Надир зголеми на 2-0, пред Нил Мопеј да го постигне и третиот гол за Олимпик на овој натпревар.
Гол-шоуто на „Велодром“ продолжи и во второто полувреме, домаќините со два гола на Вахи и на Гарсија поведоа со 5-0, пред Ају во 85. минута да го постигне почесниот погодок за Авр на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА