Олимпик Марсеј дојде до третата последователна победа, откако ја совлада екипата на Лориен на гостински терен со 2-4. Избраниците на Џенаро Гатузо до победата стигнаа благодарение на одличното прво полувреме, во кое имаа предност од 1-4.
Мбемба во 3. минута успеа да донесе предност, а потоа Обамејанг да зголеми на 0-2 во 9. минута. Балерди во 33. минута донесе и 0-3. Фавр во 41. минута успеа да намали, но Обамејанг само минута подоцна одново ја врати предноста од три разлика.
Во 52. минута Менди само успеа да го ублажи поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА