Олимпик Марсеј се зацврсти на втората позиција

Екипата на Олимпик Марсеј ја врати разликата со ПСЖ на 10 бодови, со вечерашната победа против Анже на гостински терен од 0-2.

Избраниците на Роберто де Зерби дури во вториот дел успеаја да го скршат отпорот на  домашните, и тоа за краток временски период.

Рабио во 69. минута го донесе гостинот во предност, а само пет минути подоцна Мопе ги постави конечните 0-2.

Се вчитува...