Олимпик Марсеј славеше во голеадата против Париз (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј стигнаа до првата победа во новата сезона откако денеска во голеада на домашен терен славеа против повратникот во елитата Париз со 5-2 во меч од 2. коло од Лига 1.

Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со голот од пенал на Гринвуд во 18. минута. Само шест минути подоцна беше и 2-0 со погодокот на Обамејанг. До крајот на првиот дел гостите намалија на 2-1 преку Кебал во 28. минута. Во 58. минута беше и 2-2 откако прецизно стрелаше Симон.

Ново водство за Марсеј донесе Обамејанг со неговиот втор гол во 73. минута (3-2), додека на 4-2 зголеми Хојберг во 81. минута. Конечните 5-2 беа дело на Ваз во 96. минута.

Marseille [4] – 2 Paris FC – Pierre-Emile Hojbjerg 81'
byu/Cute_Office277 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...