Олимпик Марсеј осигура уште едно големо засилување откако постигна целосен договор со Ватфорд за трансферот на Исмаила Сар, сенегалскиот крилен офанзивец кој ќе потпише договор до 2028 година.
Станува збор за исклучително талентиран играч кој го имаше прекарот „новиот Садио Мане“ по одличните игри во Премиер-лигата во дресот на Ватфорд. По испаѓањето на клубот интерес за Сар покажуваа Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но ниту еден од гигантите не се согласи да плати 50 милиони фунти, колку што Ватфорд тогаш бараше за својот најдобар фудбалер.
Ситуацијата сега е поинаква, Сар има само уште една година од актуелниот договор со англискиот клуб, јасно стави до знаење дека нема намера да ја продолжи соработката, па Марсеј за „само“ 12 милиони евра го осигура потписот на овој исклучително квалитетен фудбалер.
Олимпик Марсеј пред неколку дена го официјализираше и трансферот на Пјер Емерик Обамејанг од Челси, а францускиот гигант ги доведе и Ренан Лоди и Кондогбија од Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА