Олимпик Марсеј успеа да го договори и второто засилување од Атлетико Мадрид, откако по Кондогбија на „Велодром“ ќе пристигне и Бразилецот Лоди.
Левиот бек ланската сезона ја мина на позајмица во Нотингем Форест, „шумарите“ воопшто не испратија понуда за да го откупат од мадридскиот клуб, но затоа челниците на Атлетико петнаесетина дена преговараа за неговиот трансфер во Олимпик. На крајот, двете страни најдоа заеднички јазик и се очекува дефанзивецот во следните два-три дена да пристигне во Марсеј, каде по лекарските прегледи и официјално ќе му се приклучи на новиот клуб.
Оваа позиција беше една од најболните за францускиот клуб поради летните заминувања на Колашинац, Тавареш и Каборе, па Лоди ќе има првотимски статус во Олимпик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА