Резултатската криза на Олимпик Марсеј се продлабочи откако тимот на Џенаро Гатузо вечерва одигра само 1-1 на домашен терен против Мец, по што тимот од Велодром е без триумф на последните пет средби од францускиот шампионат. Доминацијата и поседот на топката повторно не беа доволни за да се стигне до цел плен, пред се поради промашените шанси во првото полувреме кога Олимпик можеше да го реши прашањето на победникот.
По двете одлични ситуации кои останаа неискористени Олимпик се соочи со огромен проблем откако капитенот Жиго заработи директен црвен картон. И со играч помалку домаќините продолжија да доминираат, имаа уште две шанси во првото полувреме кои останаа неискористени.
„Велодром“ конечно се крена на нозе во 56. минута, кога Мумбања одличнос е снајде и по едно додавање од левата страна го матираше одличниот гостински голман. Олимпик потоа застана, а гостите го искористија тоа и стигнаа до израмнување, за конечни 1-1.
За кризата на тимот од „Велодром“ најдобро говори фактот дека Олимпик последната победа во француското првенство ја забележа на 17 декември, кога славеше над Клермон со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА