Олимписка приказна како ниедна досега: Бразилски сурфер по големо патишествие стигна до златен медал

Една од најубавите приказни на ЛОИ во Токио му припаѓа на бразилскиот сурфер Итало Фереира кој минути го делеа од испуштање на квалификациите за пласман на Игрите, а денеска убедливо го освои златниот медал за испишување на историја како прв Олимписки шампион во оваа дисциплина.

Се започнало на 8. септември 2019 година кога во пресрет на Светското првенство во сурфање Итало присуствувал во САД каде била обиена неговата кола и украдени пасошот и визата за Јапонија. Бразилецот морал брзо да започне нова постапка за вадење на патни документи, а во тоа успеал во последните моменти.

Откако успеал навремено да се качи на авионот, летот бил одложен 18 часа поради тајфун при што по слетувањето во Јапонија доцнел на квалификациите за Игрите. По десет минутното возење од аеродормот до плажата, Итало се соочил со невозможна мисија – надополнување на дефицит од 12 поени за девет минути.

Притоа Итало со себе немал сурферска оперма и даска па обидот за квалификација го започнал со фармерки и даска позајмена од сонародникот Фелипе Толедо. „Доколку верувате, можете да остварите се“, вели Итало, чиј сон станал реалност.

Со блескот на Светското првенство Бразилецот не само што успеал да го осигура своето место на Олимписките игри, туку и да го освои првенството со што 72 часовната „невозможна мисија“ завршила со крај кој ретко кој можел да го предвиди.

Денеска во финалето од Олимписки игри, Итало Фереира убедливо славеше над Јапонецот, Каноа Игараши, а Бразилците во неговиот роден крај знаеја како да го прослават златниот медал.

Се вчитува...