Олимписка шампионка е првата спортистка која ја напушти Русија по мобилизацијата

Петкратната олимписка шампионка во синхронизиано пливање, Анастасија Давидова е првото големо спортско име кое ја напуштило Русија, поради се позаострените мерки на мобилизација како дел од агресијата кон Украина.

Давидова ја напуштила Русија порачувајќи дека нема намера да се врати. Таа освојуваше пет златни медали на Олимписките игри во Атина 2004, Пекинг 2008 и во Лондон 2012 а по крајот на кариерата ја вршеше функцијата генерален секретар во Рускиот олимписки комитет (РОК).

Давидова е првото позвучно име кое јавно е обзнаено дека ја напуштило Русија бегајќи од воено ориентираната политика.

Се вчитува...