Златната олимписка медалистка од Рио 2016 и Токио 2020 година и двократна светска шампионка во седмобој, Нафисату Тиам поради повреда би можела да го пропушти Светското атлетско првенство во Будимпешта.
Таа викендов се повлече од националните првенства и се уште нема потврдено дали ќе патува во главниот град на Унгарија, соопшти белгиската атлетска федерација. Тиам има проблем со ахиловата тетива, поради што претходно ги пропушти натпреварите од Дијамантската лига во Монако и Лондон.
Сепак, се очекува 28-годишната Тиам да ја брани титулата во седмобој во Будимпешта, каде од 19. до 27. август ќе се одржи светското првенство. Минатата година во Јуџин ја освои втората светска титула, прва по Лондон 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА