Олимписката шампионка на 100 метри градно од Игрите во Лондон во 2012 година, Литванката Рута Мејлутите е пред супензија во траење од 12 до 24 месеци и би можела да ја пропушти олимпијатата во Токио поради тоа што не се појавила дури на три допинг контроли.
Во официјалното објаснување испратено преку матичната федерација, Мејлутите ја прифаќа одговорноста тврдејќи дека погрешно ги навела податоците за тоа каде ќе се наоѓа. Контролорите не можеле да ја најдат за пријавентата локација двапати минатата и еднаш оваа година.
Литванската пливачка беше сензација во Лондон кога на 15 години стана олимписка шампионка. Таа е и поранешна европска и светска првенка, а во пред извесно време жеското ја критикуваше Јулија Ефимова која беше суспендирана поради допинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА