Јемима Сумгонг, првата Кенијка која стана олимписка шампионка во маратон на ОИ во Рио минатата година, била позитивна на ЕПО, на допинг тестирањето спроведено во Кенија, објави Меѓународната атлетска федерација (ИААФ).
„ИААФ потврдува дека е одржана антидопинг контрола на која Јамима Јалагат Сумгонг (32) од Кенија беше позитивна. Атлетичарката беше позитивна на ЕПО по ненајавената контрола што ја спроведе ИААФ во Кенија“ – стои известувањето од ИААФ.
На ОИ во Рио, Сумгонг на олимпискиот маратон славеше пред старата шампионка, Маре Дибаба од Етиопија, и стана првата Кенијка што освоила олимписко злато во оваа дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА