Олимписката шампионка ќе го пропушти Австралија опен

Кинеската тенисерка и олимписка шампионка Жинвен Женг соопшти дека се повлекува од првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен, кој од 18. јануари до 1. февруари ќе се игра во Мелбурн.

Женг моментално е 24. тенисерка во светот.

„По внимателна проценка од страна на мојот тим и земајќи ги предвид лекарските совети, за жал се повлекувам од Австралија Опен. Донесувањето на оваа одлука беше неверојатно тешко за мене. Мелбурн е моето „среќно место“, каде што победив на мојот прв грен слем главен ждреб и каде што ги имав најдобрите искуства. Имам многу посебна врска со ова место и навистина со нетрпение очекував да ја започнам новата сезона во Мелбурн паркот“, напиша таа на Инстаграм.

Најголемиот успех кинеската тенисерка го постигна на Австралија опен во 2024 година, кога во финалето беше поразена од Арина Сабаленка од Белорусија (3-6, 2-6).

Се вчитува...