Олимписки квалификации: Тешка група за Словенија и Хрватска, Црногорците поминаа најдобро

По потврдувањето на домаќините Грција, Летонија, Порто Рико и Шпанија беа потврдени и групите за престојните ФИБА Олимписки квалификации кои ќе се одржат од 2. до 7. јуни 2024 година.

Тешка задача ќе имаат два од трите екс-ју претставници. Хрватска и Словенија за место во Париз ќе разигруваат во Пиреја, а и двете репрезентации ќе бидат во првата од дветте групи заедно со Нов Зеланд. Во втората група од „грчките“ квалификации силите ќе си ги одмерат Египет, Грција и Доминиканска Република со тоа што по две репрезентации од овие групи ќе се сретнат во полуфиналето.

Црногорците пак ќе се натпреваруваат во Рига, а таму за противници во групата ќе ги имаат Камерун и Бразил со тоа што доколку се изборат за место во полуфиналето за противници ќе имаат една од репрезентациите на Грузија, Филипини и домаќинот Летонија.

На турнирот кој ќе се одржи во Сан Хуан во групата „А“ се најдоа: Мексико, Брегот на слоновата коска и Литванија, додека во групата „Б“ ќе разигруваат: Италија, Порто Рико и Бахраин.

На турнирот кој ќе се одржи во Валенсија пак покрај домаќинот Шпанија во групата „А“ ќе бидат уште Либан и Ангола, а во втората група ќе се сретнат Финска, Полска и Бахами.

Како потсетување, само освојувачите на турнирите ќе добијат билет за Олимписките игри во Париз.

Се вчитува...