МОК го одбележа Меѓународниот ден на спортот во соработка и партнерство со Општина Аеродром при што беа организирани финалните натпревари во неколку спортови, а најдобрите млади кошаркари на ООУ Ѓорѓија Пулески и ООУ “Љубен Лапе” од Општина Аеродром го одиграа финалниот натпревар во кошарка во големата сала на Олимпискиот центар “Јане Сандански“. Покрај ова беше организирана и ликовна изложба на тема “Олимпизам, спорт, мир“, а за наставниците по физичко и здравствено образование беше одржано предавање на тема “Олимпизам, спорт, училишен спорт“.
На крајот од оваа повеќедневна активност се одржа ОЛИМПИСКИОТ ПИКНИК, настан на кој се собраа голем број на претставници на Националните спортски федерации, голем број на поранешни Олимпијци и сегашни врвни спортисти, членови на Собранието и Управниот одбор на МОК, претставници од високо образовните спортски институции и многу други кои се дел од Олимпиското семејство.
Во текот на овој Олимписки настан беше промовирана и новата химна “Денес е тој ден“, песна која сигурно ќе се слуша пред и после сите нови спортски успеси на најдобрите македонски спортисти и репрезентации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА