Италијанскиот атлетичар Џанмарко Тамбери морал да биде хоспитализиран утрово, откако имал проблеми со бубрезите.
Тамбери е актуелен олимписки првак во скок во височина, и требаше вечерва да се бори во финалето. Иако беше нејасно е дали Тамбери ќе се појави на стадионот „Сент Дени“ во Париз, сепак потоа ги отстрани сите дилеми. На социјалните мрежи истакна дека нема да учествува во финалето, и нема да го брани олимпискиот медал.
Италијанецот на социјалните мрежи изјави дека утрово не се чувствувал добро и дека повраќал крв, по што побарал медицинска помош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА