Олимписки шампион 14 дена се бори со коронавирусот: Ковид-19 не е шега

Олимпискиот пливачки шампион и светски рекордер, Јужноафриканецот Камерон Ван дер Бург, изминативе две недели се бори со коронавирусот кој, како што вели, остава сериозни последици и доколку ја добиете битката за заздравување.

„Повеќе од 14 дена се борам со вирусот. Јас сум здрава личност со одлични бели дробови, некој кој е млад и живее здраво, но вакво нешто не сум доживеал досега. И по 14 дена се уште се борам со вирисуто, чувствувам замор и и натаму сум со константната кашлица“ – вели 31-годишниот пливач кој на ЛОИ во Лондон 2012 година стана олимписки шампион на 50 и 100 метри градно.

Ван дер Бург нагласува дека многу спортисти во желбата да го остварат олимпискиот сон, го ризикуваат своето здравје, а со тоа и животот.

„Олимписките игри во Токио мора да се одложат. Мора да го чуваме здравјето на спортистите, но и на сите околу нас. Ковид-19 не е шега“ – вели Ван дер Бург.

Се вчитува...