Двојниот олимписки шампион во таеквондо, Американецот Стивен Лопез, доби доживотна суспензија заради сексуалнио малтретирање на малолетно лице, соопштија од Американскиот центар за безбеден спорт. Лопез бил под истрага во изминатите неколку месеци откако во мај годинава му била изречена времена санкција.
Американскиот олимпиуец кој сега е на 39-годишна возраст, е отстранет од спортот откако четири жени поднесоа тужба против него во федералниот суд со обвиненија за сексуално малтретирање.
Една од неговите жртви била на 14-годишна возраст кога била сексуално злоставена од Стивен Лопез во 2000 година. Меѓу четирите жртви е и двојната светска шампоионка во таеквондо, Менди Мелоун која ги обвини Стивен Лопез и неговиот брат Жан дека ја силувале во 2007 година на Светскиот Куп во Египет кога таа имала 15 години.
Американскиот олимписки комитет и Американскаат таеквондо федерација знаеле дека браќата Лопез се сексуални насилници, но со години не преземале никакви мерки против нив.
Стивен Лопез ја освои шампионската титула на ОИ 2000 во Сиднеј и на ОИ 2004 во Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА