Олимписки шампион доби суспензија од 21 месец

Олимпискиот шампион во Токио на 400 метри слободно, Ахмед Хафнауи од Тунис е суспендиран на 21 месец.

Причината се три погрешни пријави на локацијата за допинг тестирање, соопштија од Одделението за интегритет во водени спортови.

„Хафнауи призна дека трипати ги прекршил правилата за локација во период од една година“, се вели во соопштението.

Суспензијата започна на 11 април минатата година, кога беа избришани сите резултати на Хафнауи, а тој ќе има право да се врати во бразените повторно по 10. јануари 2026 година.

Заедно со златото од Токио, Хафнауи има и две светски шампионски титули на 800 и 1500 метри слободно од Фукуока 2023 година, додека минатото лето се повлече од Олимписките игри во Париз од тогаш непознати причини.

Се вчитува...