Олимписки шампион исчезна на пат за Париз

Олимпискиот шампион на 200 метри пеперутка, Криштоф Милак му задава многу маки на Унгарскиот олимписки комитет.

Во сабота стартуваат пливачките натпревари во Париз, унгарските репрезентативци пристигнаа во две тури, но во ниту една од нив не беше најголемата ѕвезда. Она што е уште почудно е што неговиот тренер Вирт Балаш не го видел седум дена. Според најавите, Милак треба да пристигне викендов, но тоа никој не може со сигурност да го каже.

Ова значи дека тој речиси сигурно нема да плива во штафетата 4 x 100 слободно. Во поединечните трки е пријавен на 100 и 200 метри пеперутка, во кои брани злато и сребро од Токио.

Се вчитува...