Петкратниот олиписки шампион, американскиот пливач Нејтан Едријан боледува од рак на тестиси. Веста ја објави на социјалните мрежи со најава дека ќе ја победи тешката болест и ќе се бори за учество на Олимписките игри во Токио во 2020 година.
Едријан има четири златни медали со штафетата на САД, а од Игрите во Лондон има и поеднично злато на 100 метри слободно. На оваа колекција ги додава и две сребра и еден бронзен медал.
„Животот може жестоко да те удри. Болеста ја открив во рана фаза, го почнав лечењето и прогнозата е добра. Во базенот ќе се вратам за неколку седмици и сакам да обезбедам место во Токио“ – напиша триесетгодишниот пливач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА