Олимпискиот вицешампион во пинг-понг, Швеѓанецот Трулс Морегард, доживеа незгода на тренинг, откако беше погоден од дрон.
Морегард доби удар во левата рака кога дронот кој го снимаше неговиот тренинг се судри со осветлувањето и се урна врз него
„Дронот удри во светлосна шипка на таванот, падна на подот и се одби нагоре, удирајќи ме во раката“, изјави олимпискиот вицешампион.
Морегард изјави дека несреќата во неговиот роден град Еслов не влијаела на неговите подготовки за Светското првенство во Доха, кое започнува на 17. мај.
Швеѓанецот освои два сребрени медали на Олимписките игри во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

