Се е подготвено за нови битки за олимписки одличја, по денешното свечено отворање на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг со што беше официјално означен почетокот на најмасовниот спортски настан за 2018 година.
Спектакуларното отворање мина на ниво, спортисти на Јужна и Северна Кореја се појавија под заедничко знаме, додека руската делегација преполовена поради суспензиите од ИОК и излезе на стадионот под олимписко знаме.
Македонија на овие Игри е претставувана од тројца олимпијци, кои на отворањето ги предводеше знаменосецот Ставре Јада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА