Повеќекратниот светски првак и освојувач на олимпиското злато во ски-скокови, Даниел-Андре Танде од Норвешка, стави крај на кариерата на 30 години. Танде и натаму е во фаза на опоравување после страшниот пад на словенечка Планица пред повеќе од три години.
Танде на само пет месеци пред Светското првенство, на Инстаграм го искажа своето повлекување.
„Морав да сфатам дека скокањето сега ми предизвикува повеќе страв од радост. Секогаш зборував дека кога ќе дојде оваа фаза, време е за разделба“, рече Танде.
Норвежанецот неколку дена беше во кома после падот.
Танде во 2018 година на ЗОИ во Пјонгчанг го освои златото со норвешката репреезнтација. Истата година во Оберсдорф стана светски првак во скијачки летови. Танде освои и три екипни светски злата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА