Олимпискиот сон е жив: Откриено колку ќе паузира Ѓоковиќ…

Новак Ѓоковиќ беше експресно опериран во Париз по повредата на менискусот заработена за време на Ролан Гарос, а првите прогнози околу паузата и враќањето на најдобриот светски тенисер на терен се оптимистички.

Имено, првичните лекарски прогнози велат дека Новак би можел да се врати на терените за најмалку три седмици. Ако се знае дека тој досега брзо се рехабилитираше по повредите шансите тоа да се случи се огромни, па поради тоа лекарите не го отпишуваат Ѓоковиќ ниту од настап на Вимблдон, кој ќе стартува на 1 јули.

Сепак, она што е најважно за Србинот годинава е настапот на Олимписките Игри во Париз, поради што е реално да се очекува тој да не ризикува со настап на британскиот гранслем, се со цел максимално подготвен да го дочека олимпискиот турнир во „градот на светлината“.

„Ова е најдобрата варијанта од секој аспект. Најважно,што Новак се реши за операција и што очигледнонемало преголеми оштетувања на менискусот. Реално е да се очекува за три седмици да биде повторно на терен, мислам дека за пет до седум дена ќе биде во можност да почне со праволиниско трчање, а потоа се ќе биде работа на кревање на формата. Мислам дека е сосема реално да настапи на ОИ во Париз“, изјави долгогодишниот српски физиотерапевт Добросав Мелајац.

Новак Ѓоковиќ во кариерата има само еден олимписки медал, бронзата од Пекинг во 2008 година, два пати беше четврти (Лондон 2012 и Токио 2021), додека во Рио де Жанеиро во 2016 испадна во првото коло од Хуан Мартин дел Потро.

Се вчитува...