Олимписките Игри во Токио се поблиску до одлука за одложување

Летните олимписки игри во Токио се под сериозна закана од коронавирисот. Според последните планови и размислувања на Меѓународниот олимписки комитет, но и на организаторите, можно е да има поместување во терминот на одржување на игрите. Се разгледува и можноста да се одржат без присуство на гледачи, но тогаш земјата домаќин би претрпела огромни финансиски загуби, а и спортските вљубеници не би го добиле посакуваниот ефект.

Според најновите информации, најверојатно ќе биде донесена одлука Летните олимписки игри да бидат одложени до крајот на годината, се додека не стивне коронавирусот. Сеико Хашимото, министерката за животна средина на Јапонија која пред организацијата на ЛОИ ја има и улогата на министерка за Летните олимписки и параолимписки игри во Токио, вели дека се уште се прават консултации на највисоко ниво, се консултираат и најпознати светски правници, пред да биде донесена конечната одлука.

 

Се вчитува...