Олимписките прстени поставени во јуни на Ајфеловата кула беа симнати во текот на претходната ноќ, објави денеска француското радио Франс Енфо.
Круговите, кои беа поставени за Олимписките игри во Париз од 26 јули до 11 август, беа отстранети преку ноќ во дискретна операција, изјави претседателот на здружението на споменици Жан Франсоа Мартин.
Со тежина од 30 тони, круговите ќе бидат заменети со полесни структури отпорни на зимски услови и ќе бидат на Ајфеловата кула до јуни 2028 година, кога почнуваат следните Олимписки игри во Лос Анџелес. Засега не е соопштено кога ќе бидат поставени новите кругови.
Мартен рече дека се уште се размислува за новата градба бидејќи круговите треба да бидат отпорни на зима и ветер, да не го оштетуваат споменикот и да исполнуваат естетски критериуми.
Според него, отстранетите кругови ќе се стопат и ќе се користат за други намени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА