Олимписките медали од Игрите сè повеќе предизвикуваат незадоволство кај спортистите поради квалитетот на нивната изработка. По проблемите што го одбележаа Париз 2024, првите проблеми се појавија и на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, каде што некои медали почнаа да се оштетуваат уште за време на самите церемонии на доделување.
Американската скијачка Бризи Џонсон освои злато во спуст, но не носеше медал околу вратот на прес-конференцијата. Таа објасни дека медалот се одвоил од официјалната лента, па морала да го чува во џеб. Таа исто така раскажа како се повредила додека скокала од радост по победата.
Германската биатлонка Јустус Стрелов, која го освои бронзениот медал во мешаната штафета, имаше сличен проблем, а реагираше и Германската федерација за биатлон, иронично прашувајќи дали медалите не се наменети за прослава.
Breezy Johnson has already broken her medal after taking gold in the Women’s Downhill 😂👏🏆 pic.twitter.com/nefnE6Xllz
— TNT Sports (@tntsports) February 8, 2026
Сепак, спортистите истакнуваат дека не е ни приближно толку сериозно како она што се случи во Париз во 2024 година, кога бојата почна да се лупи од медалите и по неколку месеци изгледаа значително постари и пооштетени отколку што требаше да бидат.
Проблемот во Париз се појави за време на производството бидејќи првично беше планирано да се користи хром триоксид, супстанца што ја зголемува отпорноста на металите на корозија, но е забранета во Европската Унија поради нејзината токсичност и канцерогеност. Организаторите мораа да најдат замена во краток рок, што на крајот доведе до полош финиш и оштетување.
Поради ова, Ковницата од Париз подоцна доби повеќе од сто медали за замена, а Меѓународниот олимписки комитет обезбеди нови примероци за спортистите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

