Олимписко корона-фијаско: Хокеј меч доцнеше, па мораше да почне со маски на лицата на сите играчи

Коронавирусот ги донесе и првите посериозни проблеми за организаторите на ЗОИ во Пекинг, откако женската репрезентација на Канада во хокеј на мраз одби да излезе и да настапи против селекцијата на Русија.

Причина, доцнењето на резултатите на тестовите врз руските хокеарки, поради што Канаѓанките не сакаа да го ризикуваат своето здравје излегувајќи на мразот, уште повеќе ако се знае дека Русија во изминатата седмица имаше шест позитивни хокеарки непосредно пред почетокот на ЗОИ.

По долго убедување, на крајот беше најден компромис, Канаѓанките се согласија да го играат мечот, но под специјални услови, со тоа што сите хокеарки на двете селекции носеа маски на лицата под задолжителната заштитна хокеј-опрема. Дуелот заврши со доминација на Канада и убедлива победа од 6-1, но конечниот резултат остана во сенка на ковид-фијаското на организаторите и доцнењето на резултатите од тестирањето на руската репрезентација.

Се вчитува...