Оливер Кан откри нови детали од преговорите за купување на дел од акциите на легендарниот француски фудбалски клуб Бордо. Поранешниот германски репрезентатив е подготвен да одвои 30 милиони евра со цел да го врати клубот во елитниот фудбал.
Бордо се соочи со огромни финансиски проблеми изминатите години, а се откажа и од професионалниот статус со што го загуби тренинг центарот. Во моментот настапува во четвртата лига во Франција и заостанува шест бода од лидерот на табелата на шест кола пред крајот на првенството што е сериозен проблем со оглед амбициите за премин ранг подгоре.
„Веќе подолго време сме во интензивни преговори со сопствениците и акционерите околку потенцијално купување на дел од акциите во клубот. Ситуацијата е комплексна, но го направивме првиот чекор со понуда од 30 милиони евра. Целта е да го вратиме клубот во првата лига во следните неколку години. Сметаме дека сме дел од решението и верувам дека ќе постигнеме договор“, изјави Кан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА