Познатиот германски фудбалер, а сега функционер во Германската фудбалска федерација, Оливер Бироф, повеќе нема да ја извршува функцијата директор на германските репрезентации и функцијата шеф на германската академија.
Европскиот шампион од 1996 година и поранешен напаѓач на Милан е дел од Германската фудбалска федерација од 2004 година. Беше тим-менаџер на репрезентацијата и работеше со Јирген Клинсман, а во репрезентацијата беше и во 2014 година кога Германците ја освоија титулата светски шампион.
Тој беше клучен и во изградбата на Академијата на фудбалската федерација, во која беа вложени 150 милиони евра.
„Мојата одлука му ја кажав на претседателот на федерацијата Брен Нојендорф. Го расчистувам патот за поставување на нов курс. Убеден сум дека Академијата ќе има клучна улога во развојот на германскиот фудбал и среќен сум што репрезентациите имаат нов дом. Не можевме да ги повториме претходните успеси и да им дадеме причина за задоволство на навивачите во последните четири години. Никој не се кае повеќе од мене. Ја преземам одговорноста“, Бироф.
Германците испаднаа од Мундијалот по поразот од Јапонија во првиот меч, ремизираа со Шпанците, а и покрај победата против Костарика, вторпат по ред испаднаа во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА