Оливер Кан најде нова работа надвор од фудбалот

Легендарниот германски голман Оливер Кан остана без работа откако доби отказ од функцијата директор во Баерн Минхен, но само неколку месеци му беа потребни да го најде новиот предизвик во животот.

Германецот станува дел од платформата „Meet your Master“ за која ќе снима видеа за како се успева во животот. Истата е формирана од страна на германскиот брачен пар Хајнер и Викторија Лаутербах и на неа Кан ќе дели мотивациски совети.

Според германските медиуми новата работа на Кан е големо изненадување со оглед на тоа што очекувањата беа дека ќе остане во фудбалот.

Се вчитува...