Оливер Кан со демант: Баерн не планира да го купува Хари Кејн!

Легендарниот голман, Оливер Кан во име на позицијата извршен директор на Баерн демантираше било каков сензационален трансфер на Хари Кејн од Тотенхем во редовите на баварскиот клуб.

Напаѓачот на „петлите“ излезе како изненадувачка опција за тимот од Минхен, клуб кој остана без својот најдобар напаѓач Роберт Левандовски кој се пресели во редовите на Барселона. Кан истакна дека Кејн е неверојатен напаѓач, притоа поренцирајќи дека се отфрла можноста за негов трансфер во Баерн, нешто што го направи на пример со Кристијано Роналдо кога дефинитивно истакна дека Португалецот нема да пристигне во Минхен.

„Можам само да кажам дека Хари Кејн е неверојатен напаѓач кој во моментов е под договор со Тотенхем“, кратко изјави Кан за „Билд“.

Тотенхем во моментов не ни размислува за продажба на својот најдобар фудбалер, освен ако не добие некоја примамлива понуда која го натера да размисли за евентуален трансфер.

Се вчитува...