Нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.
Во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале. Во финалето, Оливера по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција која ја задржи до крајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

