Искусниот француски напаѓач Оливие Жиру (38) го напушти тимот на Лос Анџелес и кариерата ја продолжува во својата татковина. Негов нов клуб ќе биде Лил.
Жиру го направи првиот чекор кон враќање во Лига 1 по 13 години – се раздели со калифорнискиот клуб кој ја објави веста на својата официјална веб-страница.
Француските медиуми пишуваат дека Лил ќе го потврди доаѓањето на Жиру во следните неколку дена.
Да потсетиме, Жиру последен пат во француската лига играше за Монпелје во 2013 година, кога замина во странство, каде ги бранеше боите на Арсенал, Челси и Милан.
Во јули претходната година се пресели во Лос Анџелес, за кој на 37 натпревари постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

