Еден од најдобрите фудбалери во шпанската репрезентација, Дани Олмо ја преслика блескавата форма од клупското ниво и на Европското првенство во Германија каде е воедно и претендент за освојување на наградата за најкорисен фудбалер на турнирот.
Фудбалерот на Лајпциг кој е долго време на трансфер радарот по крајот на првенството ќе реализира трансфер, а и покрај тоа што за неговите услуги заинтересирана е Барселона, тој би можел да заврши во редовите на Манчестер Сити.
За разлика од Барселона која се мачи со финансии, „граѓаните“ не „прашуваат“ за цената на Олмо и се подготвени да ги издвојат потребни 60 милиони евра за реализација на трансферот, пренесуваат германските медиуми. Тој сега е мета број еден на Пеп Гвардиола кој го гледа како идеално решение за центарот на теренот со оглед на тоа што може да покрие повеќе позиции.
Од трансферот на Олмо добро ќе заработи и Динамо Загреб, неговиот поранешен клуб кој ќе добие од шест до осум милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА