Екипата на Барселона лесно дојде до победа над градскиот ривал Еспањол, во 12. коло во шпанската Ла Лига. „Сино-црвените“ го решија победникот за само 20 минути, откако постигнаа три гола, и така ги обезбедија трите бода.
Олмо и Рафиња беа херои на лидерот на табелата, и ја донесоа победата.
Олмо во 12. минута од средбата по асистенција на Јамал донесе предност, а во 23. минута Рафиња уште еднаш ги израдува домашните навивачи. Олмо во 31. минута од средбата донесе и 3-0 за четата на Ханс Флик.
Пуадо во 63. минута од мечот само успеа да намали.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

