Барселона стигна до првиот трофеј во сезоната совладувајќи го вечниот ривал Реал Мадрид во Суперкупот и тоа на доминантен начин славејќи со 2-5 во Доха.
Навивачите на Барслона имаат двојно задоволство за прослава бидејќи покрај трофејот ги добија симпатиите и на Дани Олмо, шпанскиот репрезентативец кој беше топ тема на разговор во последниот месец поради потешкотиите на каталонците да го регистрираат за настап во вториот дел од сезоната.
Олмо го бакна дресот на Барселона и гестикулираше дека „не мрда од тука“, што наиде на големо задоволство на каталонските навивачи.
Clear message from Dani Olmo on his future to Barcelona fans 🔵🔴👇🏻 pic.twitter.com/nQsy6cWpBE
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 12, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА