Дани Олмо говореше за медиумите во пресрет реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на Шампионите со Интер и не го криеше задоволството што има шанса со својот омилен клуб да се бори за финале во најсилното клупско фудбалско натпреварување.
Шпанецот изминатото лето направи трансфер во клубот од детството, а во првата сезона би можел да стигне и до четири трофеи со оглед на тоа што Барселона веќе освои два, а е и во битка за уште два.
„Овие натпревари се причината поради која дојдов во Барселона. Полуфинале во Лигата на Шампионите против силен противник каков што е Интер се памети цела кариера. Се чувствувам одлично, подготвен сум да дадам максимум. Во првиот натпревар имавме тешки моменти, но покажавме карактер и верувам дека можеме да победиме и во Милано“, изјави Олмо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

