„Олраунд“ натпревар на Димитријевиќ во мега дербито на ВТБ лигата

Уникс Казањ предводен од македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ и неговиот „ол-ароунд“ натпревар го доби мега дербито на 23. коло во ВТБ лигата против Зенит со 64-61 по драматична завршница во која Македонецот од херој можеше да биде и трагичар за својот клуб.

На минута пред крајот при резултат 62-58, Македонецот загуби топка во својот дел од теренот која противникот ја искористи за успешен обид за три поени за 62-61. Димитријевиќ во следниот напад промаши од тешка ситуација од полудистанца, а Зенит имаше и напад за победа.

Топката си поигра на обрачот по два обиди, но за среќа на Уникс Казањ не влезе во обрачот. Димитријевиќ асистираше за последните поени на својот клуб на „отворен терен“, а на Зенит му преостана само секунда за можен продолжеток, но обидот од повеќе од половина терен не беше реализиран.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со 11 поени при реализација 4/6 во обидите за два и 1/6 во обидите за три, шест скокови од кои два во нападот и седум асистенции.

Се вчитува...