Шкендија ја засили одбранбената линија, ангажирајќи го во своите редови 28-годишниот Олси Теќа. Албанскиот фудбалер пристигнува во таборот на тетовските „црвено-црни“ од редовите на Тирана, а претходно во својата кариера има настапувано и за Кастриоти, Лац, Аполонија…
Тренерот Ќатип Османи инсистира на засилување на одбранбената линија во ситуација кога нападот предводен од Хасани и Ибраими функционираше одлично минатата сезона. Раководството на клубот ја исполни оваа желба на новиот тренер, па Теќа веќе во текот на утрешниот ден би требало да му се приклучи на тимот на подготовките во Словенија.
Шкендија овој трансфер го потврди и на својата официјална веб-страница, откако претходно ги обелодени и договорите со тројца млади фудбалери, напаѓачот Илјаз Чилафи и голманите Беким Реџепи и Артан Елјази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА