Холандскиот селектор Штафан Олсон имаше причина за задоволство по одличното издание на „лалињата“ на отворањето на овој мундијал и победата од десет гола разлика над Аргентина.
„Лалињата“ одиграа импресивно во одбраната, од која произлегоа бројни голови од контри и полуконтри, за убедлив триумф на светскиот шампионат.
„Секако сум многу среќен од начинот на кој што игравме денеска. Искрено, бев нервозен пред мечот бидејќи го почитувам многу аргентинскиот состав и знам дека играат брзо и ќе знаат да казнат ако направиме грешки. Презадоволен сум од одбраната, голманите исто така беа многу добри. Среќен сум, но мораме да останеме на земја, ова е само прв меч. Среќен сум и за навивачите, кои ме изненадиа што дојдоа во голем број и им возвративме на вистински начин“, изјави Олсон.
Следен противник на Холандија ќе биде токму селекцијата на Македонија, меч што ќе се игра в недела со почеток во 18 часот.
„Имам голема почит кон македонската репрезентација и знам дека ќе биде тежок меч за нас. Досега се фокусиравме на Аргентина, во следните два дена фокусот ќе биде свртен кон Македонија, очекувам добар меч и се надевам на наша победа“, прокоментира холандскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА