Олсон: Влеговме со огромен респект против Македонија, затоа што јас знам за каква земја со култ кон ракометот се работи

Селекторот на Холандија, легендарниот Штафан Олсон очигледно презадоволен од големата победа над Македонија со која „лалињата“ се впуштаат во големата пресметка против Норвешка.

Олсон истакна дека убедливата победа е последица на огромниот респект кој тој го носи кон Македонија како противник.

„Секако дека сме задоволни од една ваква победа. Влеговме со огромен респект кон Македонија затоа што добро знам за каква земја со каков култ кон ракометот се работи. Знам дека Македонија игра навистина интересен ракомет, со одлични индивидуалци и врвно светско име на клупата. Затоа пристапивме максимално сериозно, и иако имавме проблеми во одредени делови од играта, на крај реализиравме се што замисливме за заслужена победа“ – рече Олсон.

Се вчитува...