Доскорешниот спортски директор на Шкупи, Омер Буњаку ќе биде нов спортски директор на косовскиот шампион Балкани.
Буњаку, по успешната епизода во редовите на чаирскиот прволигаш, сега и официјално треба да биде назначен за нов спортски директор на Балкани, на местото на поранешниот македонски репрезентативец Ндерим Неџипи кој кариерата ја продолжи во Турција.
Омер Буњаку беше во раководните структури на Шкупи цели шест години се до јуни оваа година кога се раздели со чаирчани, кој во сезоната 2021/22 стигнаа и до шампонската титула во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

